- Alternate Title:
THE INFLUENCE OF HYPERPROLACTINEMIA ON THE LEVEL OF ESTRADIOL AND PROGESTERONE IN WOMEN. (English)
- Abstract:
Prolactin is a polypeptide hormone that is synthesized and secreted by specialized cells in the adenohypophysis called lactotrophs.Excretion of prolactin from lactotrophs is regulated by neurohormones or neurotransmitters who are secreted in the hypothalamus, and they have a stimulating or inhibiting role in its secretion.By maintaining a balance in the excretion of these factors, the level of prolactin concentration in the serum is within normal reference limits.Disruption of dopamine excretion as the strongest inhibitor of prolactin secretion increases the level of prolactin, a condition known as hyperprolactinaemia. A prolonged increase in prolactin levels in serum, in the absence of pregnancy or lactation is referred to as pathological hyperptopectinemia, which is most common in women. Physiological conditions in which an increased level of prolactin appears, and which are not a disease, are pregnancy, breast-feeding, nipple stimulation, physical activity, stress condition, longer-term sleep, and more. The aim of the study was to determine the level of prolactin in the group of patients with confirmed hyperprolactinaemia, compared with the control group of patients, and at the same time to analyze the influence of hyperprolactinemia on the level of ovarian steroids, estradiol, and progesterone in the hyperprolactinemic group of patients,in relation to the control group. Patients aged 25-35 years with pre-established hyperprolactinaemia were examined. Prolactin, estradiol and progesterone were examined. Patients were divided into three groups, a control group of patients with values for prolactin within the limits of the reference, a group of patients with diagnosed hyperprolactinaemia,that is an elevated level of prolactin and a group under the therapy with Bromergon or Dostinex. Our results suggest that in hyperprolactinemia the concentration of prolactin in patients is significantly increased in relation to the control group, but after treatment with Dostinex or Bromergon in the treated group of patients, the level of prolactin significantly decreases to concentrations close to the control group. In hyperprolactinemic patients, the serum estradiol level was significantly reduced with respect to the control group, but with the application of antiprolactin therapy the concentration significantly increased to levels close or higher compared to the control group. The value of progesterone in hyperprolactinemic patients is significantly reduced in relation to the control group, but in the treated group of patients with Bromergon or Dostinex there is a significant increase in progesterone in the serum to levels that are slightly higher compared to the values for progesterone from the control group. [ABSTRACT FROM AUTHOR]
- Abstract:
Пролактинот претставува полипептиден хормон кој се синтетизира и излачува од специјализирани клетки во аденохипофизата наречени лактотрофи. Излачувањето на пролактинот од лактотрофите е регулирано од страна на неврохормони или невротрансмитери кои се лачат во хипоталамусот и истите имаат стимулирачка или инхибирачка улога во неговото лачењe. Со одржување на рамнотежа во излачувањето на овие фактори нивото на концентрација на пролактинот во серумот се движи во нормални референти граници. Нарушувањето во излачување на допаминот како најсилен инхибитор на пролактинската секреција го зголемува нивото на пролактинот, состојба позната како хиперпролактинемија. Подолготрајно зголемување на нивото на серумскиот пролактин, во отсуство на бременост или лактација се означува како патолошка хиперптолактинемија, која најчесто се јавува кај жени. Физиолошките состојби при кои се јавува зголемено ниво на пролактинот, а кои не претставувааат болест се бременоста, доењето, стимулацијата на брадавиците, физичката активност, состојбата на стрес, подолготрајниот сон и друго. Целта на истражувањето беше определување на нивото на пролактинот кај групата на пациентки со констатирана хиперпролактинемија, споредени со контролната група на пациентки, а воедно да се анализира и влијанието на хиперпролактинемијата врз нивото на оваријалните стероиди, естрадиол и прогестерон кај хиперпролактинемичната група на пациентки, во однос на контролната група. Испитувани беа пациентки на возраст од 25 до 35 години, со претходно утврдена хиперпролактинемија. Се испитуваше пролактинот, естрадиолот и прогестеронот. Пациентките беа поделени во три групи, контролна група на пациентки со вредности за пролактинот во границите на референтните, група на пациентки со дијагостицирана хиперпролактинемија, односно зголемено ниво на пролактинот и група под терапија со Bromergon или Dostinex. Нашите резултати сугерираат дека при хиперпролактинемијата концентрацијата на пролактинот кај пациентките сигнификантно е зголемена во однос на контролната група, но после третманот со Dostinex или Bromergon кај третираната група на пациентки нивото на пролактинот сигнификантно се намалува до концентрации кои се блиски на контролната група. Кај хиперпролактинемичните пациентки нивото на естрадиолот во серумот значително е намалена во однос на контролната група, но со примената на антипролактинската терапија концентрацијата сигнификантно се зголемуваше до нивоа блиски или повисоки споредени со контролната група. Вредноста на прогестеронот кај хиперпролактинемичните пациентки е значително намалена во однос на контролната група, но кај третираната група на пациентки со Bromergon или Dostinex доаѓа до сигнификантно зголемување на прогестеронот во серумот до нивоа кои се малку повисоки во споредба со вредностите за прогестеронот од контролната група. [ABSTRACT FROM AUTHOR]
- Abstract:
Copyright of Knowledge: International Journal is the property of Institute for Knowledge Management and its content may not be copied or emailed to multiple sites or posted to a listserv without the copyright holder's express written permission. However, users may print, download, or email articles for individual use. This abstract may be abridged. No warranty is given about the accuracy of the copy. Users should refer to the original published version of the material for the full abstract. (Copyright applies to all Abstracts.)
No Comments.